еМагазин
Image default
Македонија

Синдикатот на културата утре ќе одржи протестен марш: Разочарување и незадоволство на вработените

Синдикатот на културата утре ќе одржи протестен марш со цел да го изразат нивното незадоволство и разочарување од згазените социјални права на вработените во културата поради отсуството на општ колективен договор веќе 15 години.

„Протестот има за цел да ги алармира Владата и Министерството за култура дека вработените во културата повеќе нема да толерираат газење на нивното достоинство и дека маршот е само вовед кон следните чекори во синдикалната борба за основни социјални права.

Маршот ќе започне во 12.00 часот од паркот Ибни Пајко, позади Македонската филхармонија со краток говор на претседателката Сања Арсовска која ќе даде и изјава за медиумите, ќе продолжи пред Владата, каде хорот на Националата опера и балет ќе изведе дел од операта „Хорот на Евреите“ од Набуко и ќе заврши пред Министерството за култура каде по краток говор на секретарот Гоце Павловски, претседателите на сите 46 синдикални организации на СКРМ ќе ја пренесат пораката на маршот – „Колективен сега“, односно дека културата бара колективен договор кој ќе стапи на сила од 01.01.2020 година“, соопштуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 72 случаи на Ковид-19 од 793 тестирања

Редакција

Детален преглед на состојбата со заразени од Ковид-19 по македонските болници

Редакција

Судењето за несреќата кај Ласкарци продолжува на 7. февруари 

Редакција