еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Синоличка Трпкова: Пред да се каже НЕ на Бугарија и ЕУ, треба сите до еден, од сите власти да клекнат на колена пред народот и јавно да се извинат

Актерката Синоличка Трпкова на својот Фејсбук профил ги коментира актуелните случувања со спорот со Бугарија.

“30 години борба за самостојна и суверена држава – 30 години осиромашување и самодеградирање. 30 години внатрешни конфликти, без можност за помирување. 30 години без стратегија и визија на МРТВ. 30 години ширум отворени врати за кич и популизам. 30 години немање достоинство, интегритет и капацитет за постигнување единство. 30 години олигархија, неписменост, непотизам, корупција, нефункционална администрација. 30 години самоуништување на колевката на културата. 30 години оставање некој друг да ја заврши мојата работа, ама само јас да ги земам парите.

Пред да се каже НЕ на Бугарија и ЕУ, треба сите до еден, од сите власти сегашни и идни да клекнат на колена пред народот, јавно да се извинат, и да се заколнат дека од сега натаму животот ќе го дадат за доброто на секој поединец во земјата.

После таквиот чин кажувањето НЕ ќе дојде како катарза за сите нас.

Ова е единствен начин за да станеме држава!“, пишува таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Весна од СДСМ и Весна од ВМРО-ДПМНЕ рекоа НЕ за „францускиот предлог“ пред Влада

(Видео) „Не„ за францускиот предлог на масовен протест во Скопје

Малинка Ристевска Јорданова за „францускиот предлог“: Не треба да остане не

Фото: Фејсбук/Трпкова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 890 случаи на Ковид-19 од 3.284 тестирања

Редакција

Сите детали за еволуцијата на коронавирусите и како да се заштитиме од нив

Редакција

Вознемирувачки снимки од уличните битки на Хамас и израелската војска

Редакција