еМагазин
Image default
ЖИВОТ

„Сите болести да ги фатиш, аир да не видиш“: Посетител на Зоолошка со навреди кон вработена

Тина Мицковска која е вработена во Зоолошка градина, секојдневно споделува непријатни случки со посетителите, но она што денеска го доживеала е надвор од сите граници на еден цивилизиран свет.

Вработените се обидуваат да стават ред во Зоолошката, посетителите да не ги хранат животните, да не ги пречекоруваат дозволените работи, но секојдневно како што пишува Мицковска на нејзиниот фејсбук-профил, се повеќе непријатно се изненадува.

Нејзиниот статус Ви го пренесуваме во целост:

„Секој ден се повеќе се изненадувам од некултурата. Возрасен човек прерипан преку огради кај жирафи. Жена му го чека. Културно го опоменувам дека тоа е забрането, а плус си го загрозува животот.

Која си мори ти да ми кажеш, ја 10 години работам обезбедување. Повторно културно укажувам дека тоа што го прави не е во ред, на што ме прави проста. Додека пробувам да објаснам колку е тоа опасно, намерно ме удира со лакт да исценира инцидент. Ги замолувам да ja напуштат Зоолошка и тука од него и жената започнуваат клетвите:

Јалова да останеш,

Децата да ти умрат,

Аир да не видиш,

Сите болести да ги фатиш,

Бел ден да нема за тебе, маж да ти умре.

… Да не редам понатака, се згрозив и потресов искрено. Се воздржував и продолжив да бидам културна обраќајки се со господине и госпоѓо. На излезот жената ми се обрати со: проклето жениште и колку што можеше најсочно ме плукна.

Кажете ми како со вакви луѓе? Наместо да уживам во денот со волонтерите од Црвен Крст кои ни донираа дрвја и ги засадија или пак дечињата од Проект Среќа кои ни беа денес на гости, јас морав да трпам тортура од вакви невоспитани граѓани. Не почитуваат ни правила, ни ред, ни закон. Ќе не биде… Никогаш!“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Реакција на медицинските сестри кои се изоставени за наградата „13 Ноември“: Разочарувачки е се уште да сме невидливи за нашата земја

Редакција

81% од моментално хоспитализираните со Ковид-19 не се вакцинирани

Редакција

(Видео) Сите детали: Како да проверите дали имате антитела за корона вирусот

Редакција