еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Сите цивили кои пристигнаа од Авганистан во Македонија се негативни на Ковид-19

Сите државјани од Авганистан кои пристигнаа на скопскиот аеродром се негативни на тестирањето за Ковид-19, информираат од Владата за МИА.

На прашањето дали некој од авганистанските државјани е позитивен на Ковид-19, од Владата за МИА изјавија дека сите се негативни на направените тестирања.

– Сите граѓани кои пристигнаа од Авганистан на привремен престој се негативни на ПЦР Ковид -19 тестовите, велат од Владата.

Со авион на компанијата „Камаир“ завчера преку Тбилиси, Грузија на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа првите 149 граѓани од Авганистан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Трудница итно пренесена во болница: Во Македонија пристигнаа првите 149 авганистански граѓани

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Економист“ со илустрација ја долови кризата поради корона вирусот: „Затворено“

Редакција

ДИК отфрли 1.478 приговори за изборите од Левица бидејќи биле без потпис

Редакција

Агенцијата за млади и спорт вработува пет лица, плата до 28.303 денари

Редакција