Со денот на влегување во сила на овој закон лицата државјани на другите републики во поранешната СФРЈ и државјани на поранешна СФРЈ кои до 8 септември 1991 година живееле на територијата на Република Македонија можат да поднесат барање за да се стекнат со државјанство по сила на овој закон, со дадена изјава од тројца сведоци кои ќе сведочат дека поднесителот за добивање на државјанство живеел на територијата на Република Македонија до 8 септември 1991 година или со дадена изјава од сведок кој во тој период бил жител или се уште е жител во местото во кое живеело лицето.
Ова е една од одредбите на предлог-законот за измени на Законот за државјанството на Република Македонија за кој ќе се расправа во Собранието по барање на пратениците од Алијанса за Албанците и Алтернатива, а кој предизика лавина од реакции на социјалните мрежи.
Со членот 2 се додава нов став 3 со кој дава можност на лице кое ќе докаже дека живеело во Република Македонија во времето на прогласување на независноста на Република Македонија согласно одредбите од овој закон да се смета за државјанин на Република Северна Македонија и по сила на овој закон се стекнуваат со државјанство на Република Северна Македонија.
Со членот 3 во членот 6 ставот кој регулира дека на дете кое е најдено или родено на територијата на Република Македонија на кое родителите му се непознати ќе му престане државјанството на Република Македонија ако до наполнети 15 години живот се утврди дека родителите му се странски
државјани и доколку детето нема да остане без државјанство, се брише.
Со членот 4 се дооуредува членот 7 со кој странец со природување може да стекне со државјанство.
Со членот 8 иселеник, како и негов потомок до прво и второ колено, може со природување да стекне државјанство иако не ги исполнува условите од член 7 став 1 точка 2 и 9 на овој закон.
За иселеник, во смисла на предложената измена на законот, се смета граѓанин кој се иселил во друга држава, без оглед на полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.
Со членот 10 се предвидува лицето на кое како малолетно му престанало државјанството со отпуст, да може повторно да го стекне ако до наполнети 25 години живот законски престојува најмалку една година непрекинато во Република Северна Македонија и поднесе барање за повторно стекнување државјанство.
Целиот предлог-закон ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадор да може да биде и лице кое има и државјанство на друга држава, предлага група пратеници