еМагазин
Image default
Македонија

Сите информации за вакцинација на kovid19vakcinacija.mk

Пуштена е во употреба онлајн платформата kovid19vakcinacija.mk на која граѓаните може да се информираат за вакцините, процесот и фазите на вакцинација, соопшти Министерството за здравство.

Сите одговори на најчесто поставувани прашања во однос на вакцинацијата се сублимирани и достапни на онлајн платформата. Преку оваа страница може да се пристапи кон апликацијата за искажување заинтересираност за вакцинација против Ковид-19 vakcinacija.mk, посочуваат од Министерството.

Имунизацијата е безбеден и ефикасен процес и е единствен начин за превенција од ширење заразни болести и спасување животи. Денеска се достапни вакцини за над 20 болести кои спасуваат милиони животи ширум светот. Сите вакцини против Ковид-19 се развиени на безбедни платформи и се моќно глобално оружје кое треба да стави крај на пандемијата, стои во соопштението.

Согласно податоците од онлајн платформата, вакцина против Ковид-19 примиле 5.245 здравствени работници, а за вакцинација се пријавиле вкупно 138.457 граѓани.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Елвин Хасан и Музафер Бајрам нови министри без ресор

Редакција

Може да биде спроведен во затвор: Пресудата за Груевски стана правосилна

Редакција

Вчера аплицирани 4.840 вакцини, речиси тројно помалку од претходните денови

Редакција