еМагазин
Image default
Балкан

Грција згрозена: Учесник во „Big brother“ изјави дека ќе има силување ако секој ден не биде со девојка

Грчкото општество преку социјалните мрежи, претставници на политичките партии, владиниот портпарол, но и дел од спонзорите го кренаа својот глас и реагираа против сексуалното насилство врз жените и силувањето, откако учесник во грчкото реално шоу „Big brother“ што се емитува на телевизијата „Скај“, излезе со изјава дека тој лично секој ден мора да биде со девојка, бидејќи „во спротивно ќе има силување“.


– За женските, секој ден ќе одам со една, за да си го испразнам пакетот, во спротивно ќе има силување – е скандалозната изјава на 30-годишниот Андонис Александридис додека разговара со двајца други учесници во реалното шоу.

Реакциите првично беа на социјалните мрежи, каде што беше објавено видеото со конкретната изјава, а синоќа, #cancelbigbrother беше најпопуларниот хаштаг во Грција.

Реагираа и од опозициските партии СИРИЗА и Движење на промена, а портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, преку неговиот официјален „Твитер“ профил соопшти дека побарал од Националниот совет за радиодифузија да го истражи случајот со дијалог со „вулгарна сексистичка содржина, што дури упатува и на кривично дело“, а контактирал и со телевизијата „Скај“.

Најмалку три компании, спонзори на „Биг брадер“ синоќа решија да ја прекинат соработката со продукцијата и да се повлечат од реалното шоу.

По сите реакции и од граѓаните и од политичарите и од спонзорите, „Големиот брат“, доцна синоќа му соопшти на учесникот дека мора да го напушти реалното шоу.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Марта Арсовска Томовска добитник на Плакетата за мир, заедно со Јелена Ѓоковиќ и отец Предраг Поповиќ

Редакција

(Видео) Две жени загинаа, 11 туристи се во болница откако се урна пешачки мост во Овчар Бања кај Чачак

Редакција

Македонските граѓани ќе може да летуваат во Црна Гора без ПЦР-тестови

Редакција