еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Скопјанец осуден за учество во странска војска се шетал со полуавтоматски пиштол

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Осомничениот, на 5 ноември, како сопатник во автомобил на улицата „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, неовластено држел полуавтоматско огнено оружје – пиштол „Токарев Т33“ со калибар 7,62Х25 мм, со една рамка и шест куршуми. Пиштолот го поседувал без дозвола.

-Особено имајќи го предвид фактот дека се работи за лице претходно осудувано за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации согласно член 322-а од Кривичниот законик, надлежниот јавен обвинител нареди детален претрес на неговиот дом и одземање на електронски уреди кои ќе бидат предмет на вештачење, информираат од Републичкото јавно обвинителство.

Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колона руски тенкови движат кон границата кај Харков во Украина, претстои „долга борба“

Редакција

ДУИ добила донации за изборите од 74.000 евра

Редакција

Инфлуенсерката Маја Јанеска загинала во несреќен случај, нејзините посмртните останки ќе бидат донесени во Охрид

Редакција