еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Поскапувањата на цените на струјата, бензинот и храната, најголем проблем и за Грците

Поскапувањата на цените на струјата, бензинот и храната се главните теми што ги загрижуваат Грците додека пак разликата меѓу владејачката Нова демократија и опозициската СИРИЗА останува седум отсто, покажуваат резултатите од истражувањето на агенцијата „Pulse“ за телевизијата „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

На прашањето колку денес ги засегаат граѓаните неколку конкретни и актуелни теми во земјата, на првите позиции, според одговорите на анкетираните, се цените на струјата, бензинот и храната со над 85 отсто, потоа следат криминалот, грчко- турските односи, мигрантското прашање, а на последно место е случајот со прислушувањата.

На политичката сцена, владејачката Нова демократија со рејтинг од 33 отсто е на прво место пред опозициската СИРИЗА која има 26 проценти, а потоа следат ПАСОК- Движење на промена, Комунистичката партија, Грчко решение и МЕРА25, додека пак актуелниот претседател на Владата, Кирјакос Мицотакис и понатаму е во предност пред Алексис Ципрас во однос на тоа кој е посоодветен за премиер на земјата.

Во однос на тоа кога би требало да се одржат изборите, поделено е мислењето на анкетираните. Една третина (32 отсто) одговориле на крајот од четиригодишниот мандат (што истекува во јули 2023 година), исто толку рекле порано, а 24 проценти сметаат дека е најдобро изборите да бидат на пролет.

Истражувањето на „Pulse“ за телевизијата „Скај“ било спроведено од 19 до 22 ноември 2022 година со анкетирани 1.205 лица со право на глас.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оптимизам за завршување на руската инвазија по новата рунда преговори помеѓу Украина-Русија

Редакција

Приватните превозници и Град Скопје постигнаа договор за исплата на долгот од 1,5 милиони евра

Редакција

Која банка во Македонија наплаќа највисоки надоместоци

Редакција