На 18.09.2019 во 18.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан на ул.„Ѓорѓи Сугаре“ во Скопје во кој престојувал З.С.(40) од Скопје, информира МВР.
Во пожарот З.С. се здобил со повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарната бригада Скопје. Се работи на расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.