еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Ист Гејт мол“ се отвара на 29 октомври

Скопје станува многу динамичен град со голем потенцијал за напредок и просперитет, а овој октомври ја добива својата нова шопинг дестинација со над 220 водечки глобални и регионални брендови.

„Ист Гејт мол“ се отвора за јавноста на 29 октомври 2021 година и ќе биде препознатлив по единствената понуда која обединува повеќе од 220 големи глобални и регионални брендови од сите категории, почнувајќи од мода, преку ресторани, електроника, аксесоари за домот, понуди за деца, до кино и забава, информираат од „Ист Гејт мол“.

Само некои од познатите брендови што ќе се наоѓаат на оваа шопинг дестинација се: Zara и Zara Home, Armani Exchange, Calvin Klein, Sinsay, Mango, XYZ, KIKO, Reserved, Oysho, The Athlete’s Foot, Twinset, Patrizia Pepe, XYZ, Valentino, Tods, Furla, Neptun Electronics, Kiko Milano, Dsquared2, Pandora, Massimo Dutti, De Facto, Madame Coco, Babor Cosmetics, Prenatal, како и многу други.

Сите светски малопродажни групации доаѓаат со целосно портфолио како Индитекс и ЛПП. Форматите на продавниците се импресивни и се простираат во просек на 2.000 м2.

Посебна предност на оваа шопинг дестинација е нејзината локација, бидејќи „Ист Гејт мол“ се наоѓа на само пет минути од центарот на главниот град на Македонија и е веднаш до автопатот М4.

„Ист Гејт мол“ се простира на 5 нивоа, има над 57.000 квадратни метри малопродажен простор и дури 2.000 паркинг места, што го прави најголема шопинг дестинација во цела Македонија и во тој дел од регионот.

Годишниот обрт во центарот „Ист Гејт мол“ се проценува на 12 милиони посетители.

Покрај добрата локација и уникатните брендови, „Ист Гејт мол“ е импресивен по својата модерна архитектура, во која секој сегмент од фасадата, преку импресивни сводови и елегантни излози и продавници, пространи плоштади и оази за релаксација и одмор, создава чувство да се биде центар на неговиот свет.

Уникатното шопинг искуство е особено засилено со богатата понуда на кафулиња и ресторани каде што ќе имате можност да истражите разни светски кујни и да ги задоволите сите ваши сетила, а модерно опремените кина ќе ви овозможат ново ниво на уживање во мултимедијални содржини. Тоа е место каде што ќе бидете сигурни дека вие, вашите желби и очекувања, сте самиот центар на светот, посочуваат од „Ист Гејт мол“.

„Ист Гејт мол“ е инвестиција на групата Балфин, најголемиот регионален инвестициски фонд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Како ќе изгледа East Gate Mall, кој се отвара во октомври

50 станови се веќе резервирани: Квадрат во East Gate Living ќе се продава по цена од 1.250-1.350 евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До крајот на годината ќе има бесплатен WiFi на јавни површини

Редакција

„Ни Чак Норис не може да си купи стан сам од себе“: Твитер реакции за Мијалков чии конфискувани станови ги купи неговиот син

Редакција

Зголемување: Блокирани сметките на 111.056 граѓани и фирми

Редакција