Од Македонската берза информираат дека на 21.12.2021 година Одборот на директори на Берзата донел заклучок за внесување на издавачот Сковин АД Скопје на „Листата за набљудување“, што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.
-Внесување на друштвото Сковин АД Скопје на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради тоа што банкарската сметка на друштвото е блокирана како и поради тоа што друштвото во периодот 01.01 – 30.09.2021 година нема деловна активност, велат од Берзата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сковин со загуба во првите шест месеци
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.