еМагазин
Image default
Бизнис

Сковин ставен на „Листата за набљудување“ на Македонската берза

Од Македонската берза информираат дека на 21.12.2021 година Одборот на директори на Берзата донел заклучок за внесување на издавачот Сковин АД Скопје на „Листата за набљудување“, што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.

-Внесување на друштвото Сковин АД Скопје на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради тоа што банкарската сметка на друштвото е блокирана како и поради тоа што друштвото во периодот 01.01 – 30.09.2021 година нема деловна активност, велат од Берзата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сковин во загуба

Сковин со загуба во првите шест месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

20 милиони денари за повластени производители на електрична енергија по премиум тарифи во 2022 година

Редакција

Кривични пријави за 22 угостители во туристичките места, најмногу во Охрид

Редакција

Македонска берза: Бесплатно електронско тргување со хартии од вредност поради корона вирусот

Редакција