Сковин АД Скопје за периодот јануари-септември 2021 година оствари оперативна загуба во износ од 704 илјади денари искажана во неревидираниот Биланс на успех, информираат од винаријата преку Македонската берза.
“Остварените вкупни приходи во периодот јануари- септември 2021 година изнесуваат 476 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во 2020 година бележат пад од 91%, кој се должи на непостоење на сопствено производство и продажба како резултат на целосна реализација на Одлуката за одобрување на голема зделка-продажба на подвижен и недвижен имот и пренос на трговски марки реализирана во целост во 2020 година.
Финансиски приходи нема.
Вкупните расходи во износ од 1.208 илјади денари бележат пад од 96% во однос на вкупните расходи во 2020 година. Оперативните расходи изнесуваат 1.180 илјада денари и во споредба со 2020 година кога изнесувале 29.951 илјади денари бележат намалување од 96%.
Во прилог на ова значителен пад имаат сите видови на трошоци што се должи на споменатото непостоење на сопствено производство и продажба.
Финансиските расходи во износ од 28 илјади денари бележат намалување од 94% во однос на 2020 година.
Сковин АД Скопје за периодот јануари-септември 2021 година оствари негативен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех во износ од 732 илјади денари.
Поради немање средства и имот на друштвото, немање сопствено производство и деловна активност и постоење на висок износ на неизмирени обврски, почнувајќи од 26.10.2021 година трансакциската сметка на Друштвото е блокирана“, велат од Сковин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сковин со загуба во првите шест месеци
„Сковин“ со загуба во првите три месеци од годинава