еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Земјата ја зафати геомагнетна бура, неповолна за лицата кои имаат проблем со притисокот, срцето, спиењето и депресија

Американскиот Центар за предвидување на времето во вселената, кој спаѓа под Националната управа за океани и атмосфера (NOAA) издаде предупредување за геомагнетна бура, која ќе ја зафати целата Земја, но најмногу американскиот континент.

Таа е резултат на долготрајните ерупции на Сонцето, кои се забележани од 26 октомври годинава.

Оттогаш, има серија на ерупции кои првично биле послаби. Кога ќе се забележи ерупција од некој од активните региони на Сонцето, во меѓупланетарниот простор се ослободува млаз од плазма, кој се испалува со брзина меѓу 600 и 900 километри во секунда.

Вообичаено, потребни се околу два дена за овој поток да стигне до Земјата.

Како последица на магнетната бура се очекува да има прекини во навигацијата и комуникацијата на сателитите. Може да има и рендгенско зрачење (Х-зраци) на висина.

Магнетната бура може да влијае на сигналите што се пренесуваат со висока фреквенција, вклучително и од сателитските навигациски мрежи (GPS).

Многу силна магнетна бура имаше и во овој период на октомври во 2003 година и траеше повеќе од две недели.

Според медицината, нарушувањата предизвикани од геомагнетните бури ги погодуваат луѓето кои имаат висок крвен притисок, како и оние со проблеми во кардиоваскуларниот систем, проблеми со спиењето и депресија.

Геомагнетните бури се големи и остри нарушувања на вредностите на магнетното поле на Земјата предизвикани од неговата интеракција со сончевиот ветер. Сопственото магнетно поле на Земјата, кое се создава во нејзиното јадро, создава еден вид штит на нашата планета, во чие отсуство сончевиот ветер би го однел целиот атмосферски слој на Земјата, како што се случило на Марс пред многу години.

МИА/Фото: science.howstuffworks.com/Видео: WC Daily

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Срам да ви е! Кај што не лечат со последни сили, па и ќе ги напаѓате лекарите

Редакција

Застаре и „Змиско око„, судењето траеше 16 години, обвинетите ќе бараат максимална оштета од државата

Редакција

Цените на бензините и дизeлот остануваат исти, мазутот поевтинува

Редакција