еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Срам да ви е! Кај што не лечат со последни сили, па и ќе ги напаѓате лекарите

Шест лица синоќа беа приведени во полициската станица Гази Баба поради инцидент во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, која е КОВИД центар.

Како во некој лош филм инцидентот се случил кога роднини на почината 60-годишна пациентка од Ковид-19 се обиделе НАСИЛНО да го земат телото на починатата и упатиле закани на докторката, па морала да интервенира и полицијата.

Еден од приведените бил позитивен на корона вирусот и тој беше спроведен во полициска станица со специјални протоколи.

Починатата пациентка пет дена била на респиратор во ГОБ „8 Септември“. Согласно протоколите починатите пациенти од Ковид-19 ги подигнува специјална екипа од погребалното претпријатие Бутел опремена со скафандери и друга специјална опрема.

За инцидентот на Фејсбук остро реагираше и министерот за здравство, Венко Филипче.

„Ова е чин на крајно непочитување на сите здравствени работници кои повеќе од 4 месеци деноноќно се борат за секој човечки живот. Ова е дискредитација на нивната работа, нивниот труд и жртва, ризикот на кој се изложени и одрекувањата.

Овие луѓе со месеци ги немаат видено своите семејства, ги немаат прегрнато своите најблиски, немаат ден одмор и оддишка од напорната работа. Најостро го осудувам овој инцидент.

Колегите кои се борат со преку 100 пациенти сместени во болницата заслужуваат само поддршка и разбирање, а не закани. Цврсто сум уверен дека тие постапиле професионално и согласно протоколите и ги повикувам надлежните да го истражат случајот и да постапат соодветно“, напиша Филипче на Фејсбук.

Уште пострашно е што по инцидентот на социјалните мрежи се шири говор на омраза за здравствените работници и се обвинуваат дека намерно ги „убиваат“ пациентите. Просто неверојатно, но реалност.

Па срам да ви е! Кај што не лечат со последни сили, па уште ќе ги напаѓате! Па сами лечете се!

Не треба да се заборави дека оваа не е прв пат здравствените работници да бидат цел на напад. Бројни инциденти имаше и пред епидемијата со корона вирусот. Време е институциите вистински да реагираат и одговорните за инцидентите ВИСТИНСКИ да бидат казнети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од ЕУ не изолираа како глувци, среќни ли се конечно тие што не ги почтуваат мерките и тие што не веруваат во Ковид-19?

11 лица од новозаразените со корона вирусот неодамна патувале надвор од земјата

Чаир стигна до 442 активни случаи на Ковид-19: Најнови податоци за општините во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 21.000 загинати во Турција и Сирија, од земјотресот се проценува дека се погодени 23 милиони лица

Редакција

Црногорскиот премиер Марковиќ: Македонија требаше да се грижи да не побегне Груевски

Редакција

„Брако“ продолжува со инвестиции: Завршена обуката за управување со најсовремената ЦНЦ „Хартфорд“ глодалка, производството започнува наскоро

Редакција