еМагазин
Image default
Македонија

Слабости во работењето на Уставниот суд утврди Државниот завод за ревизија

Уставниот суд нема донесено програма за работа, не воспоставил внатрешна ревизија, ниту сметководствена евиденција за набавка и издавање материјали, покажува слабости во вршењето на пописот на средства и обврски, а за дел од набавките на стоки и услуги не ги применува одредбите од Законот за јавни набавки.

Ова се заклучоците од конечниот ревизорскиот извештај што го објави денеска Државниот завод за ревизија.

„Изразивме мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики“, наведува Државниот завод за ревизија во сублиматот од конечниот извшетај.

Клучните препораки се Уставниот суд да донесе програми за работа и распоред, да врши целосен попис согласно прописите, да евидентира материјали и да набавува стоки и услуги со примена на Законот за јавни набавки.

МИА/Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корејците покажаа „големо срце“ по вербалниот напад: Македонците се многу љубезни, тоа е само изолиран случај

Редакција

Владејачката Има таков народ не сака да ја спречи Македонија да влезе во ЕУ, но таа мора да биде доверлив партнер, вели меѓународниот секретар на партијата

Редакција

(Фото) Со кинеската „Синофарм“ се вакцинираше и кумановскиот градоначалник Димитриевски

Редакција