еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Слога Пром од Кавадарци одбележува 33 години успешна работа на пазарот во Македонија

Компанијата Слога Пром денеска одбележува 33 години од своето постоење. Успешната семејна бизнис приказна на компанијата започна да се развива во 1990 година, во Кавадарци и денес брои 100 вработени, информираат од таму.

-Денес Слога Пром претставува модерна компанија на пазарот во Македонија што работи за задоволување на потребите на современиот потрошувач, применувајќи ги најновите знаења и стандарди за пласман на квалитетна, здрава и безбедна замрзната храна, вклучувајќи ги HACCP и GS1 стандардите за декларирање и означување на производите, посочуваат од таму.

Моменталната бројка на пакувани производи од брендот Слога и брендот Royal Veggies е 21. Под брендот „Слога“ се нуди риба, пилешко, свинско и говедско месо, додека под брендот Royal Veggies се нуди замрзнат зеленчук. Понудата од рефусни производи (пилешко, свинско, јунешко месо, риба, зеленчук, овошје, млечни производи и растителни масла) вклучува околу 160 производи.

Слога пром во 2017 година инвестираше во нов капитален објект – ладилник со јавен царински склад, составен од три дела и 4.700 м2 расположлива површина.

Преку општествено одговорната практика, Слога Пром континуирано овозможува подобри услови за вработените и за нивните семејствата како и за заедницата во целост, таков последен новитет е отворањето на тениско игралиште лоцирано во кругот на самата компанија и формирањето на Тениски клуб Слога, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фотографот Едмонд Амзаи е загинатиот мотоцилист, зад себе остави сопруга и син

Редакција

ТВ 21 лани работела со добивка, 24 Вести, Наша ТВ, Сонце, Шења и Клан со загуба

Редакција

Крис Колбурн нов генерален директор на САСА

Редакција