еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ТВ 21 лани работела со добивка, 24 Вести, Наша ТВ, Сонце, Шења и Клан со загуба

Заедничкиот финансиски резултат од работењето на шестte телевизии кои емитуваат програма преку неограничен ресурс на ниво на целата држава – ТВ 21, 24 Вести, Наша ТВ, Сонце, Шења и Клан, бил загуба од 71,58 милиони денари, покажува Анализата на пазарот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Ако се споредат податоците за последните пет години, полош финансиски резултат отколку во 2022 година овие телевизии имале само во 2018 година, кога работеле со загуба од 80,53 милиони денари.

Имено, во овој период телевизиите заедно ниту еднаш не оствариле добивка

-Гледано засебно по телевизии, со добивка во анализираната година (и тоа незначителна, од само 0,15 милиони денари) работела само Компани 21-М.

Останатите пет прикажале загуба, при што најголема била загубата на Клан, која изнесувала 31,72 милиони денари.

24 Вести, Наша ТВ и Сонце во континуитет работеле со загуба, при што најголема загуба 24 Вести имала во 2022 година (20,87 милиони денари), а Наша ТВ и Сонце во 2018 година (11,44 милиони денари, односно 19,57 милиони денари).

Компани 21-М остварила добивка само во 2021 и 2022 година, Шења во 2019 и во 2021 година, а Клан само во 2018 година, стои во Анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сител, Канал 5, Алсат-М и Алфа лани работеле со добивка, Телма со загуба

Колкави приходи имале лани Сител, Телма, Алфа, Алсат-М и Канал 5

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До петок сончево, викендов дожд и опаѓање на температурите

Редакција

Истражување: Вегетаријанците имаат помал ризик да развијат тешка форма на Ковид-19

Редакција

Агенцијата за национална безбедност ги демантира наводите за апсења на нивни вработени

Редакција