еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Истражување: Вегетаријанците имаат помал ризик да развијат тешка форма на Ковид-19

Вегетаријанците имаат помал ризик од тешка форма на Ковид-19, се нагласува во студија спроведена во шест земји.

За луѓето кои исклучиле месо од нивната исхрана, веројатноста да имаат тешка форма на Ковид-19 е намалена за 73 отсто, велат научниците.

Заклучокот е направен врз основа на добиените податоци од 2.844 медицински установи во кои се згрижени пациенти со новиот коронавирус.

Ризикот од тежок Ковид-19 е 59 отсто помал за луѓето кои не јадат месо, освен риба.

Сепак, истражувачите не можат да докажат дека одреден вид диета создава заштита од тешки форми на Ковид-19, ниту дека ја намалува можноста за заболување.

Потрошувачката на здрава храна како овошје, зеленчук и житарки се намалила за време на пандемијата, според друго истражување за навиките на јадење во САД.

Навиките на јадење на Американците биле следени пред и за време на новата пандемија на коронавируси. Според достапните податоци заклучно со јуни 2020 година, Американците ја зголемиле потрошувачката на нездрава храна, десерти и слатки пијалоци за време на пандемијата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+Фото) Шампионска емисија: Новак Ѓоковиќ и екипата на „Медена земја“ во „Еден на Еден“

Редакција

ЈП Градски паркинг на привремени вработувања ќе потроши 1,2 милиони денари

Редакција

Полицијата употреби драконски мерки, голем број Бугари беа спречени да дојдат, оцени бугарскиот министер Демерџиев

Редакција