еМагазин
Image default
Балкан

Словенечката актерка Миа Скрбинац проговори за сексуално насилство од страна на професор по глума: „Ме чекаше пред тоалетот“

Миа Скрбинац синоќа стана првата словенечка актерка што јавно проговори за нејзиното искуство со сексуалното вознемирување. Изјавата ја даде при нејзиното гостување на ТВ Словенија.

Таа рече дека славен актер и професор по глума две години сексуално ја малтретирал за време на студентските денови на Академијата во Љубљана, пренесува СТА.

Говорејќи во емисијата „Тедник“, чии делови беа прикажани и во главните вести на јавниот сервис, актерката рече дека била изложена на психолошко и физичко насилство од страна на професор, кого не го именуваше, за време на часовите по глума и надвор од наставата во периодот меѓу 2014 и 2016 година.

– Ме чекаше пред тоалетот, во барот Драма и на други места, рече актерката.

Скрбинац, сепак, сè уште размислува дали да поднесе тужба против професорот.

Таа не го именуваше професорот затоа што верува дека не е единствената што доживеала сексуално вознемирување.

МИА/Фото: Tretji kanu – V Mleku

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на заразени со коронавирусот во Грција се искачи на 89 лица

Редакција

Бесплатно сместување, храна и солидни плати: Хрватска атрактивна за сезонска работа за Македонците

Редакција

(ВИДЕО) Во земјотресите во Албанија загинаа најмалку 6 лица, тлото продолжува да се тресе

Редакција