еМагазин
Image default
Македонија

Случајот ,,Титаник” продолжува со сведоци на Обвинителството

Ново рочиште за предметот „Титаник“ е предвидено денеска да се одржи во Кривичниот суд Скопје.

Главните расправи изминатиот период во главно се одржуваа со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството.

Поголемиот број на сведоци при нивните искази пред суд посочуваа дека никогаш не донирале средства за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. За информаците дека тие пополнувале уплатници во име на партијата сведоците наведуваа дека тие биле запознаети кога биле повикани од Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Судењето за овој предмет го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Меѓу главните обвинети за овој случај се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, екс-пратеникот Илија Димовски и други поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Според обвинението поднесено од поранешното СЈО, обвинетите се осомничена за кривичните дела повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раководителот на подрачната единица на МЗШВ подготвува кривична пријава за Трипуновски, за неовластено снимање

Редакција

Дескоска: Очекувам Џолев да протестира за застарените предмети во неговиот суд

Редакција

Кај 242 лица од заразените со коронавирусот во Македонија присутни хронична и здравствени состојби

Редакција