еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за случајот „Таргет-Тврдина“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за аферата за прислушувањето, познат во јавноста како „Тврдина-Таргет“.

На претходното рочиште свои искази дадоа неколку сведоци, кои зборуваа околу поддршката од надвор во системите за следење на комуникации, односно за формирање на Комисијата за поништење на опрема на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Обвинети во овој предмет се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и неколку вработени во поранешното УБК кои се товарат за нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви во периодот меѓу 2008 и 2015 година.

Судскиот процес го води судијата Џенета Бегтовиќ, додека обвинението е застапено од обвнителската тројка Трајче Пеливанов, Ленче Ристовска и Артан Ајро.

Судењето по предметот „Таргет-тврдина“ е започнато на 22 декември 2017 година и се наоѓа во фаза на доказна постапка.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски до 8 ноември треба да се јави во затвор

Редакција

Нова метода која ќе заштеди пари: На државна кардиохирургија вградено механичко срце на татко на шест деца

Редакција

Трета доза на вакцина примиле вкупно 48.087 граѓани

Редакција