еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нова метода која ќе заштеди пари: На државна кардиохирургија вградено механичко срце на татко на шест деца

На Универзитетската клиника за државна кардиохирургија на пациентот Мухарем Реџепи (54), татко на шест деца, му е вградено вештачко срце.

Во овој случај, кај пациент со тешка срцева слабост, е ставен уред кој е еден тип на механичко срце вграден во левата комора. Тоа ја всисува крвта од левата комора и преку една протеза ја носи во аортата. Мала е, бесшумна, трајна е и се наоѓа внатре, а од надвор е само батеријата која ќе се менува за таа да работи.

Операцијата, која траела два ипол часа, ја извел тимот на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија. Тимот доктори се задоволни од операцијата, а пациентот е во добра состојба.

– Ваквите операции, на пример во Германија чинат 340-350 илјади евра, а севкупните трошоци овде не поминуваат повеќе од 120.000 евра. Ова претставува унапредување на севкупниот здравствен систем во Република Македонија, изјави премиерот Зоран Заев кој со министерот за здравство Венко Филипче го посетија пациентот.

Филипче изјави дека ова е уште една нова метода што се имплементира во нашето јавно здравство.

– Ова е еден модел на едукација на нашите лекари од страна на странски лекари што ни дава одлични резултати во смисла и на заштеда, но и сериозно надградување на знаењето на нашите експерти, рече Филипче.

Со овој уред се живее нормален и квалитет живот, кој се продолжува за 10-15 години.

Фото: Фејсбук/Венко Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 897 случаи на Ковид-19, оздравени 638, починати двајца

Редакција

Претпријатијата во државна сопственост не се транспаретни и отчетни: ЈП за државни патишта најтранспаретно, на дното ГТЦ

Редакција

Обвинетите во „Змиско око 2“ ослободени од вина за злоупотреба на службената положба

Редакција