СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.К.(39) од село Лескоец, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“ и против З.Т.(49) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело ,,помагање“ во врска со ,,злоупотреба на службена положба и овластување“, информира МВР.
Во периодот од 16.02.2013 година до 08.11.2017 година пријавениот, како директор на Јавното претпријатие „Градски пазар“ Охрид, во 44 наврати подигал парични средства за гориво и дневници за службено патување, по што не приложил соодветна документација за оправданост на истите.
Притоа, во периодот од 2014 година до 2017 година, второпријавената, како сметководител во наведеното јавно претпријатие, подигнатите парични средства од првопријавениот ги оправдувала со патни налози од истиот, со што пријавените нанеле штета од 313.020 денари на јавното прептријатие.