еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Снегот на Попова Шапка недоволен за скијање

Во текот на ноќта во ски центарот Попова Шапка се создаде првата поголема снежна покривка, но сепак таа не е доволна за почеток на скијачката сезона. Според информациите од ски центарот, има десетина сантиметри снег, но за да може да се скија се потреби најмалку 30-тина сантиметри.

-Потребни се уште најмалку дваесетина сантиметри дополнителна снежна покривка за да може да се почне со работа со специјалните возила и машини  „ратраци“ за обработка и подготвување на скијачките терени и нивно оспособување за скијање. Тоа што досега не се создаде добра снежна покривка создаде проблем поради откажување на резервации, изјави Живе Алексовски, извршен директор на ЕЛЕМ Турс.

Од друга страна, пак, додека беа сончевите денови граѓаните ги користеа жичарниците – новиот шестосед и Церипашина за панорамско разгледување.

-Имаше посетеност, но сите го очекуваат снегот за скијање. Двете жичарници беа посетени доста. Сите ски-лифтови и жичарници во текот на претходни месеци се сервисирани и се подготвени за работа, недостига само снег, изјави Алексовски.

Според најавите, доколку има доволно снег, скијачите ќе имаат прилика да го користат сите четири ски лифтови Поток 1 и Поток 2, Аеродром и ГЕ, како и жичарниците Свети Илија, Церипашина и новата шестоседна жичница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Зимска идила: Попова Шапка и Маврово со снежна покривка

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема јавни податоци за фирмата која ја презема „Тор индустрис„ на внукот на Ахмети, Дрин

Редакција

(Фото) Нашиот модел Викторија Ристовска, во најновиот број на модното списание Ел-Србија

Редакција

Авиосообраќајот денеска ќе се одвива нормално, одложен штрајкот на контролорите на летање

Редакција