еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Со дарување инстант лозови, подарете среќа плус

Во пресрет на 8 март и најавата на пролетта, Државна лотарија потсетува на можноста да донесете некому дополнителна радост и добивки, со дарување инстант лозови во наменски декорирани коверти коишто бесплатно ќе ги добиете на продажните места на Државна лотарија, ширум земјата.

Подарете можност за големо изненадување, во среќни мигови, подарете инстант лозови, подарете  СРЕЌА ПЛУС. Инстант лотаријата на Државна лотарија, со својата разновидна палета инстант лозови, нуди богатство од изненадувања, забава и добивки, на едно место.

Во чест на празникот на жената и дарувањата, најавуваме дека богатата палета инстант лозови, ја освежуваме со нови серии од инстант лозовите ДИЈАМАНТ и АМОРОВА СТРЕЛА.

Инстант лозот ДИЈАМАНТ е полн со парични добивки, од 50 до 300.000 денари. Според тоа што ова е веќе 6-та серија од овој инстант лоз, можеме да потврдиме дека е еден од најомилените лозови на нашите играчи.

Досега се покажа како инстант лоз кој најмногу се подарува за празниците, свадбите и венчавките и другите прослави, во коверти со брендот СРЕЌА ПЛУС. Оваа шеста серија на инснат лозот ДИЈАМАНТ носи 10 премии во вредност од 300.000 денари, 20 добивки од 100.000 денари, 20 добивки од 50.000 денари, итн.

Цената на инстант лозот е иста – 50 денари, како и начинот за дозанавање на добивката, што се покажа за исклучително забавен: треба да се пронајде еден од добитните симболи како што се дијамантскиот прстен, дијамантот, но и симболи на други скапоцени камења, а што играчот лесно може да го донесе до една од 323.830 добивки што ги нуди овој лоз.

Инстант лозот АМОРОВА СТРЕЛА е со истата забавна игра на познатата убава тема – љубовта, преку симболи коишто може да донесат богати парични добивки, до 500.000 денари. Возбудливото откривање на истоветни симболи наредени во правец на една аморова стрела внесува во забавна игра на откривање на добивката и поврзување на среќата, љубовта и парите.

Играта е забавна, а лозот е добитен доколку се откријат три еднакви симболи распоредени во еден ред, во една дијагонала или во една колона. Како што љубовта и среќата најчесто одат во пар, така и лозот АМОРОВА СТРЕАЛ нуди не една, туку две игри, од кои втората е бонус игра со добивка сокриена зад симболот срце. Но, не може да се опише тоа што треба да се доживее. Инстант лозот е со иста цена – 50 денари.

Трендот за дарување инстант лозови СРЕЌА ПЛУС досега израдува бројни дарувачи и примачи со  премии и разновидни добивки. Затоа, во среќни мигови дарувајте инстант лозови.

На продажните места на Државна лотарија, направете пакет од 6 инстант лоза ДИЈАМАНТ, или 6 инстант лоза, АМОРОВА СТРЕЛА, или пак комбинирајте ги. Впуштете се во забавен избор од целосната палета инстант лозови, направете подарок од лозови во вредност од 300 денари и ќе добиете бесплатен украсен коверт СРЕЌА ПЛУС на којшто може да ја напишете и вашата персонализирана порака.

Со дарување инстант лозови, навистина дарувата СРЕЌА ПЛУС.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промоција на збирката поезија „Отвори ги очите“ од Љупка Антеска

Редакција

Рудник САСА продолжува со поддршката за одржливост на рибниот фонд на езерото Калиманци

Редакција

По доделувањето на наградите, програмата на 11. Македокс продолжува он-лајн

Редакција