еМагазин
Image default
Македонија

Со лична и колективна дискредитација не се доаѓа до запирање на штрајкот, вели Неделков

Со лична и колективна дискредитација не се доаѓа до решение и запирање на штрајкот во градинките и училиштата, пишува претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков на неговиот Фејсбук-профил.

„Шести ден од штрајкот на СОНК и веќе отворено почнаа жестоките напади врз штрајкувачите и раководството на СОНК. Обид за лична и колективна дискредитација на раководството на СОНК .

Со нарачани текстови по одредени портали се прави обид за стекнување на недоверба кон раководството и обид за прекин на штрајкот. Значи, ако мислите да ги поколебате штрајкувачите и се надевате дека ќе го прекинат штрајкот што е нивна лична одлука, страшно се лажете. Единството е како никогаш досега, оправданоста на барањата, исто така. Значи, џабе ви е.

Колективната дискредитација е во правец на обидот од владини функционери да претстават во јавноста дека раководството на СОНК заради лични интереси не ги прифаќа понудените 10%?! Без ниеден аргумент многу лесно обвинуваат и навредуваат, иако многу јасно неколку пати во текот на преговорите им беше кажано дека сите одлуки што ги носи раководството на СОНК (Советот на СОНК), се носат по претходно изјаснување на членовите на СОНК.

Така беше и овој пат, што е спорно тука? Според владините претставници требало Советот да донесе „разумна“ одлука, игнорирајќи го 95% изјаснување на членството да се каже дека „понудата не важи“. Не благодариме!

И конечно, одрдени медиуми и владини претставници, вршат обид за пласирање на тезата дека единствено СОНК е виновникот за штрајкот и прекинот на наставата. И самите не веруваат во тоа, а не па јавноста. Кажуваат дека СОНК уценувал, а не кажуваат дека впрочем, тие уценуваат. Барањето на Владате е прво да го прекинеме штрајкот па потоа да преговараме. Ова не е класична уцена?

Почитувани, Ве замолувам да прекинете со притисоците што ги вршите врз нашите но и ваши партиски членови. Овојпат разберете ја пораката што ви ја праќаат со непослушност. Овојпат се работи за сопствена егзистенција и враќање на достоинството на професијата што ја застапуваат.

И да, зад штрајкот на СОНК стојат 25.000 членови, но и нечленови на СОНК, кои без разлика на синдикална, партиска, верска, национална и било каква припадност, рамо до рамо, заеднички штрајкуваат за социјални и законски права, верувајќи му на раководството на СОНК,“ пишува Неделков.

Фото: Фејсбук/Неделков

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 368 оздравени од Ковид-19

Редакција

Пендаровски вели да не се брза со уставните измени за вметнување на Бугарите во Уставот

Редакција

(Видео) Објавена снимка од инцидентот со обезбедувачот на Мицкоски и неговиот колега полицаец, истрагата се проширува

Редакција