Министерството за труд и социјална политика подготвува предлог-закон за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на плата.
Оттаму преку Единствениот електронски национален регистар (ЕНЕР) објавија дека со законот се уредува висината, условите и начинот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на плата
„Целта е да се стимулира зголемување на платите на вработените во приватниот сектор преку финансиска поддршка за работодавачите кои ќе извршат зголемување на платата на вработените.
Се наметна потребата од законско регулирање на мерка за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување како финансиска поддршка од Буџетот на РСМ“, велат од Министерството.