еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Со пари на граѓаните, подмирен речиси половина од долгот за струја на Железници Транспорт

Двесте милиони денари се ставени на располагање на Министерството за транспорт и врски за плаќање на дел од долгот на „Железници на Република Северна Макеоднија – Транспорт“.

Оваа одлука синоќа е изгласана во Собранието. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски од Свети Николе истакна дека станува збор за прераспределба на средства за буџетските корисници. „ЖРСМ Транспорт“ имаат вкупен долг од шест милиони евра за електрична енергија, со овие средства кои ги добија од буџетот ќе го отплатат речиси половина од долгот.

– Со што ќе продолжи грижата од страна на Владата и поддршката за ова претпријатие, кое е витално претпријатие и во време на криза да продолжи да ги врши обврските и дејноста за којашто е формирано и да продолжи со работа и во делот на товарниот и во делот патничкиот транспорт, вели Бочварски.

Посочи дека долгот на „ЖРСМ Транспорт“’ варира и се менува какошто вели од ден на ден.

-Ние, можам да кажам дека само во текот на оваа година, дадовме преку 12 милиони евра поддршка на македонски „Железници – транспорт“. Генерално секоја година помагаме преку обврската за субвенционирање на патничкиот превоз и таа обврска е некаде од шест и пол до седум милиони евра.

Но. оваа година дополнително дадовме поддршка, заради тоа што веруваме дека во време на криза преку ова претпријатие македонски Железници се внесуваат и дел од енергенсите во државта, вели Бочварски.

Забележа дека токму поради и ова македонски Железници мора да се држи во кондиција, за да ги извршува своите обврски. 

МИА/Фото: Железници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тепачка“ за акциите на „Алкалоид“ и „Комерцијална банка“ пред исплата на дивидендата

Редакција

Радев: Бугарија е подготвена да го зголеми извозот на струја во Македонија согласно европските правила

Редакција

Возилото најдено, се трага по 29-годишниот возач кој усмрти девојче на пешачки премин во Велес

Редакција