еМагазин
Image default
Локално

Со пиштол ограбена банка во Крушево, полицијата претресувала дом на осомничен

На 19.08.2020 во 16.25 часот во Полициска станица Крушево, П.Т. (36) од Крушево пријавил дека околу 16.00 часот во банка во Крушево, едно лице со закана со пиштол одзело пари од вработените, информира МВР.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп.

По наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Прилеп извршен е претрес во дом и помошни простории кои ги користи Т.С.(51) од Крушево, а Т.С. бил приведен во полициска станица во врска со случајот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Фото: Општина Крушево

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Спасени лица и возило заглавени во снег кај Пониква

Редакција

Тетовчанец нападнал полицајци на бензиска пумпа

Редакција

Неколку лица физички нападнале двајца скопјани во населба Аеродром

Редакција