еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Со поддршка на УСЈЕ невладината „Го грин“ организира „Камп за климатски промени“ за млади екологисти

Еколошко лидерство, одржлив развој и климатски промени се главните теми на „Кампот за климатски промени“, кој се одржува во Охрид, во организација на невладината организација „Go Green“ („Го грин“).  Во активностите што се одржуваат во рамките на кампот, триесетина млади учесници работеа на обука и усовршување на своите вештини и знаења, како и запознавање со најновите светски трендови од областа на екологијата.

„Заштита на животната средина не е само прашање на волја за приклучување кон одредени акции, туку систем од континуирани и целисходни акции за што е потребно знаење. Само со системска акција и создавање на модели кои ќе гарантираат заштита на животната средина можеме да зборуваме за подобра и почиста околина за сите. Токму тоа е цел на овој капм и на сите други наши активности што ги правиме во континуитет и ќе продолжиме во следниот период. Поддршката во овие процеси е драгоцена и само преку заедничко залагање ќе имаме напредок, што ќе биде во интерес на сите нас“, истакна Антонио Јовановски од „Go Green“.

Летниот „Камп за климатски промени“ во организација на „Go Green“ е дел од долгогодишната соработка со Цементарница УСЈЕ, која како дел од својата општествена одговорност континуирано поддржува проекти за заштита и унапредување на животната средина, како и едукација на различни полиња.

„Искрената заложба на младите луѓе да помогнат во заштита на животната средина е само дополнителен поттик за да ја интензивираме нашате поддршка за ваквите иницијативи и да придонесеме кон поголема едукација на младите. Продолжуваме во таа насока и во следниот период“, истакнаа од Усје. 

Од почетокот на годината, УСЈЕ даде свој придонес и поддршка и на неколку други реализирани проекти, меѓу кои се „Отворен ден во УСЈЕ“, традиционалната „Младинска конференција за целите за одржлив развој на Обединетите Нации“, како и панел дискусијата по повод Европската недела на одржлива енергија.

Од декември 2008 година, Цементарница УСЈЕ е член на „Глобал Компакт“ договорот на Обединетите Нации. Со потпишување на овој договор, компанијата се обврза дека ќе ги почитува десетте клучни принципи за добро корпоративно управување, меѓу кои е и заштитата на животната средина.

Дополнително, во 2014 година, Цементарница УСЈЕ целосно ги исполни сите обврски предвидени со А–Интегрираната Еколошката дозвола, а продолжи и со реализацијата на бројни општествено одговорни иницијативи во областа на животната средина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се отстранува опасниот по живот линдан од „Охис“, чистењето ќе трае од три до пет години

Редакција

„Еуромакс“ ќе тужи пред меѓународен суд, Владата вели дека има аргументи за рудникот Иловица

Редакција

Во „Генералка викенд 2023“ собрани 252 тони отпад, цел за оваа есен е засадување најмалку 1,8 милион дрвца

Редакција