еМагазин
Image default
Бизнис

Со поддршка од УСАИД нашите преработки од овошје и зеленчук стануваат поконкурентни

Американската агенција за меѓународен развој УСАИД ги поддржува преработувачите на овошје и зеленчук во Северна Македонија и Косово во градење на конкурентност преку зголемен квалитет на производите.

Основната цел на помошта е да го зајакне одржливиот развој на овие сектори. Насочена е кон зголемување на пазарните можности и продажбата, и стимулирање на меѓуграничната трговија и инвестиции. Посредно, очекувани резултати се и зголемено примарно производство и приходи за земјоделците – снабдувачи на преработувачите.

Поддшката ја спроведува Проектот за економски развој, управување и развој на претпријатија на УСАИД. Самите активности ги реализира Интегрирани системи за квалитет (IQS), водечка домашна компанија за консалтинг услуги за безбедност и контрола на квалитет на храна.

Од јули 2020 година IQS соработува со преработувачите во унапредување на квалитетот на производите како предуслов за конкурентност и иден раст на бизнисите. Домашните компании се запознаваат со интернационалните стандарди за безбедност и контрола на квалитетот, односно со барањата на ЕУ, СТО и малопродажбата (IFC, BRC, HACCP, ISO, итн.).

Добиваат и помош при воведување на стандардите и нивна сертификација. Дополнително, IQS овозможува и трговски врски помеѓу македонските и косовските преработувачи и трговци за поттикнување на соработка и трговија. Активностите вклучуваат групни обуки, консалтинг за индивидуални компании и деловни средби.

„Како и другите индустрии и преработувачите на овошје и зеленчук се соочуваат со големи предизвици во овие тешки економски услови. Но, и покрај актуелната пандемија, сепак успеваат да одржат релативно стабилно производство, а дел од нив и да инвестираат во развој. Ова докажува дека овој сектор е мошне витален, и дека има многу голем развоен потенцијал

Секако, конкурентноста е неопходна за иден раст, а унапредување на квалитетот на производите секогаш е најдобра стратегија за постигнување на оваа цел. Можноста да придонесеме во развојот ја чувствуваме како вистинска привилегија. Нашиот тим одлично соработува со над 40 преработувачи, нивни задруженија и трговски ланци.

Повеќе од 300 менаџери на производство и технолози директно учествуваат во нашите групни обуки, поединечен консалтинг и бизнис средби. Ќе ни претставува особено задоволство ако и останати се приклучат кон нашите активности кои ќе продолжат до следниот јуни,” вели Александра Депиновска, директор на IQS.

Повеќе информации за активностите на IQS и за контакт се на www.iqs.com.mk.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пад на прометот и бројот на трансакции на Македонската берза во јули

Редакција

Приватна компанија исплатила 500 денари регрес за годишен одмор, а трудов инспектор не констатирал повреда на законот

Редакција

Анализа на „Пари“: Топ 10 компании за производство на облека, според приходи

Редакција