еМагазин
Image default
Македонија

Судење за „Рекет“: Запленетата облека на Боки 13 се прикажува на екран во судницата

Со презентација на материјални докази и фотографии на кои се прикажува запленета облека на шоуменот Бојан Јовановски, продолжува судењето за предметот „Рекет“ во кој се обвинети Бојан Јовановски-Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

На екранот се прикажуваат разни брендирани обувки, кошули, наметки од одземените 71 вреќа од домот на првообвинетиот.

По презентацијата на материјалните докази од страна на обвинителството, се очекува и одбраната на Боки 13 и Јанева да ги презентира нивните материјални докази.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври лани поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милески за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти декември минатата година, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боки на рака му напиша писмо на Јовески, бара да биде изведен пред него

Боки 13 на судењето за „Рекет“ побара одземените капути, чизми, очила, круната… да му се донесат во судница

Кичеец ќе сведочи за „Рекет“ на покана на Боки 13 и Јанева

Фото: Боки 13/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владимир Панчевски не се произнесе по обвинението, неговиот адвокат бара изземање на велешкиот Суд

Редакција

Детален преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција

Коронавирусот регистриран во 24 градови во Македонија, детален преглед

Редакција