еМагазин
Image default
Македонија

Со владина одлука поништени 20 решенија за распоредување во МВР донесени од Наќе Чулев

Со владина одлука денеска се поништени 20 решенија за распоредување и наредбите за извршување на работни задачи во Министерството за внатрешни работи, донесени од 11 јуни до 24 јули 2020 година, со што работниците ќе се вратат на претходните работни места на кои биле распоредени.

На денешната седница Владата го прифатила барањето на министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, за поништување на решенијата за распоредување и наредбите за извршување работни задачи кои ги донесе претходниот министер Наќе Чулев, бидејќи како што стои во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста,  се донесени спротивно на Законот за Влада и на подзаконските акти во Министерството за внатрешни работи и на членовите 106, 107 и 154 од Законот за внатрешни работи и на членовите 36, 37, и 38 од Колективниот договор на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Вратени на старите функции 14 раководни лица во МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) 123 функционери на СДСМ и ДУИ кријат имот од 30 милиони евра, објави ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Не се уништени докази за „Империја“, тврдат од СЈО

Редакција

25 македонски државјани се на лет од Кабул за Доха, се очекува евакуација на уште 50

Редакција