На 09.07.2019 година во 00.31 часот на наплатната станица „Градско“ влекач „Сканиа“ со косовски регистарски ознаки со приколка, управуван од засега непознат возач, откако ја платил патарината, тргнал и со десната страна од возилото удрил во наплатната кабина, со што предизвикал штета на наплатната кабина, информира МВР.
После тоа, возачот не застанал и продолжил со движење кон Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес. Се работи на расчистување на случајот.
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.