еМагазин
Image default
Македонија

Собранието го донесе Законот за заштита на потрошувачите

Собранието денеска во рамки на продолжението на 79. седница го донесе Законот за заштита на потрошувачите по скратена постапка.

Расправа по овој предлог се одвиваше вчера, а она што е новина и клучно во овој нов Закон е што се воведуваат, односно се дава посебно внимание на нечесни трговски практики, измамнички трговски практики и агресивни трговски практики при продажба на стоките и услугите, вклучувајќи ги и недвижностите, дигиталните услуги и дигиталните содржини.

Со предлог-законот треба да се обезбеди и високо ниво на заштита на правата за потрошувачите, а истовремено гарантира полесни услови за деловно работење.

Со предлозите, се уредуваат правата и обврските на потрошувачите и на трговците во потрошувачките односи, начините и постапките на заштита на правата на потрошувачите, информирањето на потрошувачите, унапредувањето на знаењето на потрошувачите за нивните права и начините и постапките на нивна заштита, правата и обврските на здруженијата и сојузите за заштита на правата на потрошувачите, правата и обврските на надлежните органи.

Со новото законско решение се овозможува подобро остварување на правата на потрошувачите преку ефективен надзор на пазарот, подобро информирање и едуцирање на потрошувачите за нивните права, зајакнување на независноста и репрезентативноста на здруженијата за заштита на потрошувачите и обезбедува инструменти за брзо решавање на потрошувачките спорови како можноста за колективно решавање на потрошувачките спорови.

Пратениците на истата седница го изгласаа и Предлог-закон за дополнување на Законот за здравствената заштита.

Собранието го усвои и предложениот заклучок на предлог-законот за техничките барања за производите и оцена на сообразност во прво читање.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казна за 470 лица за неносење маска во изминатото деноноќие

Редакција

Комисијата за уставни прашања го прифати предлогот за уставни измени, собраниската седница на 18. август

Редакција

Влада му наложи на МНР да ги презеде сите мерки за безбедноста на членовите од Македонија во мисијата на ОБСЕ во Украина

Редакција