Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска, во рамки на 90. седница, ја избра Софка Пејовска Дојчиновска за нов заменик-претседател.
Пејовска Дојчиновска доаѓа на местото на Катица Николовска, на која членовите на ДКСК и заблагодарија за досегашниот вложен труд.
-За следен заменик-претседател се предлага најстариот член, кој работи од првиот ден од формирањето на ДКСК, рече претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска пред гласањето.
На седницата која се одржува преку зум платформата, изгласани се и предложените изменувања и дополнувања на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025.
Членовите на Антикорупциската комисија постапуваат и по конкретни предмети, како и по предмети оформени по пријави од укажувачи согласно Законот за заштита на укажувачите.
МИА/Фото: МИА