еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Солидарноста како моќно оружје во борбата со пандемијата: Компанијата dm дрогерие маркт донираше концентратори за кислород

Со цел да придонесе во борбата против Ковид-19 компанијата dm дрогерие маркт донираше два концентратори за кислород со капацитет од 10 литри, информираат од компанијата.

Кислородните концентратори се донирани и ставени на располагање во ЈЗУ Општа болница Велес.

„Социјалниот ангажман и одговорноста кон заедницата се секогаш на врвот на приоритети на нашата компанија, а во моменти кога како општество сме соочени со можеби најголемиот предизвик на денешницата – глобалната пандемија, навистина е неопходна сечија солидарност, со цел да излеземе како победници од оваа битка,“ велат од компанијата.

Од почетокот на пандемијата компанијата dm дрогерие маркт активно придонесува во борбата против корона вирусот, за што говорат бројните активности кои компанијата ги спроведе изминатата година.

Имено, од самиот почеток на пандемијата компанијата dm дрогерие маркт донираше производи за дезинфекција и лична хигиена во вредност од 2.000 евра во Националното Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки (ЗМСТАМ).

Неодамна, компанијата донираше и два респиратори во вкупна вредност од 36.600 евра во Министерството за здравство, кое, согласно потребите на здравствените институции во земјата, донацијата ја пренасочи кон ЈЗУ Општа болница – Кавадарци и ЈЗУ Клиничка болница Битола.

Покрај бројните заложби за општествена одговорност во овој предизвикувачки период, компанијата уште еднаш на дело го потврди принципот дека компанијата постои поради луѓето, а не обратно.

Имено, покрај 14 редовни плати во текот на годината, во деловната 2019/20 година на сите вработени во компанијата им беше исплатен вонреден бонус во износ од 9.000 денари.

На овој начин, најголемиот дрогериски ланец во Европа дополнително вложи повеќе од 2.1 милион денари за поддршка на своите вработени во време на кризата предизвикана од светската пандемија на Ковид-19.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Лимак“ трчаше на Wizz air маратон за поддршка на децата од СОС Детско село

Редакција

Отворен повик за обука за млади новинари

Редакција

Зур и Дим маркети со поддршка за три месечното скратено работно време на родителите што користеле породилно

Редакција