еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска сончево со мала облачност, попладне можен краткотраен пороен дожд и грмежи

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Од утре времето ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УХМР: Можност за невреме со пороен дожд и силен ветер во попладневните часови

Редакција

МОТ: Меѓусекторска соработка и инвестирање во сите региони за поголема успешност на мерката Гаранција за млади

Редакција

Почина режисерот Златко Славенски

Редакција