еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска сончево со утринска магла во котлините, попладне засилен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала доумерена облачност, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен, а попладне на места засилен ветер од јужен правец, информира Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).

Утринската температура ќе се движи од минус 8 до минус 2 степени, а дневната од 4 до 13 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала доумерена облачност. Утринската температура ќе достигне до минус 6 степени, а дневната до 7 степени.

Од петок ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места врнежите повремено ќе преминуваат во снег, соопшти УХМР.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Децата со три дози ДиТеПер вакцина од понеделник може да се вратат во градинките

Редакција

Од утре нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Редакција

Телекабел со препораки до граѓаните за односот кон нивните вработени поради ризикот од ширење на корона вирусот

Редакција