еМагазин
Image default
Локално

Поради свлечиште сообраќајот кај Љубаниште се уште се одвива наизменично

Сообраќајот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум кај селото Љубаниште се уште се одвива со наизменично пропуштање на возилата, соопшти денеска Авто мото сојузот на Македонија.

Синоќа овој дел го зафати невреме со дожд и град кое предизвика свлечиште на овој патен правец.

Раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи Митко Темелкоски вчера во изјава за МИА посочи дека лизгањето на земјиштето настанало од краткото невреме со интензивни врнежи од дожд, кои нанеле големи количини земја и камења.

– Поради голема количина вода во кратко време, излеани се земја и поситни камења на патот. Екипи на Македонија пат и јавното претпријатие „Охридски комуналец“ се на терен и работат на расчистување на патот, изјави вчера Темелкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Поројните дождови предизвикаа поплави во Прилеп и го затворија патот Охрид-Св.Наум

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само во Македонија: Скопјанец од затвор измамил угостител лажејќи дека му се родил син

Редакција

На скопјанец му го опожариле „Голфот“, покрај него „настрада“ и „Пежо“

Редакција

Пукање и масовна тепачка во Кичево

Редакција