еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Парада на гордоста на 24 јуни во Скопје

Под мотото „Горди и гласни“ годинава Парадата на гордоста ќе се одржи на 24 јуни, најавија на прес-конференција претставници од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

Почетната точка ќе биде во паркот „Жена-борец“, каде во 17 часот ќе почне собирањето на учесниците, а во 19 часот по кратки поздравни говори, ќе почне протестниот марш по скопските улици според истата рута како и минатите години. Маршот ќе заврши со културно-музичката програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк.

Напредокот на полето на правата на ЛГБТ+ луѓето не е изедначен, ниту пак е доволен, а постојано е соочен со напади од сили кои се противат на универзалните човекови права. Токму затоа, Прајдот останува важна форма на протест на ЛГБТ+ заедницата против стигмата, предрасудите и насилството, велат организаторите.

– Во ваква непријателска средина кога говорот на омраза и насилствата се во пораст, а хомофобијата и трансфобијата стануваат доминанта позиција на носителите на моќ, да се биде Горд и Гласен претставува отпор и протест против системот кој угнетува. ЛГБТИ заедницата минала низ многу тешки периоди, ќе минеме и низ овој само со исправена глава, горди и гласни во остварувањето на нашата визија за свет на еднаквост и просперитет“, истакна Ирена Цветковиќ.

Новините во програмата на Скопје Прајд ги соопшти Кочо Андоновски, кој истакна дека Парадата се отвора како платформа за многу други каузи.

– Се отвараме за други групи кои сакаат својата порака да ја пренесат на јавноста. Тие беа присутни и во изминатите години, но тоа не беше организирано и некако се губеа сите тие пораки и транспаренти, така што оваа година ги повикуваме сите оние кои имаат свои кампањи, различни активности и сакаат да бидат препознаени со своите пораки и свои обележја да ни се јават, рече Андоновски.

Скопје Прајд 2023, според организаторите, ќе понуди богата културно-забавна програма, со музички настапи во живо, настапи на дрег кралици од земјата и регионот и диџеј-сетови.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Лазаров: Ова не е бран, ова е цунами, сите ќе имате можност да се уверите

Редакција

Галеника спроведе истражување за користењето на лекови во Македонија: Најчести се оние за настинка, воспалено грло и кашлица

Редакција

Вонреден надзор во болницата во Битола, откако родилка со неконтролирана бременост родила мртво бебе

Редакција