Министерот за здравство, Фатмир Меџити, во врска со случајот на мртвородено бебе во Клиничката болница во Битола, иницираше Државниот санитарен здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор во одделот за гинекологија и акушерство.
„Министерството ја информира јавноста дека според информативниот допис од КБ Битола, кај 21-годишната пациентка, бременоста се до 7. месец се одвивала во Германија. Таа во КБ Битола не дала информации дали била следена од лекар во Германија и не приложила документација од којашто ќе се утврди дека бременоста е контролирана.
Првпат родилката се јавила на матичен гинеколог во 29. недела, на инсистирање на членови на нејзиното семејство, и втор пат во 36. недела на приватен матичен гинеколог. Истата била препратена во Клиничка болница Битола заради вишок плодова вода при бременост (полихидрамниja – состоба која укажува на компликации кај плодот).
Во текот на вчерашниот ден бил извршен царски рез кај пациентката, плодот е роден мртов без срцева акција. Оваa бременост е четврта кај родилката, а и третата бременост завршила со ист исход.
Родилката во моментот е на лекување во Клиничка болница Битола, таа е во општа добра состојба и изіавува дека нема забелешки во врска со породувањето и лекарскиот третман,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родилка со неконтролирана бременост родила мртво бебе во Клиничката болница во Битола
Фото: МЗ