еМагазин
Image default
Локално

Сообраќаен „руски рулет“ во Сарај: За еден ден фатени 22 возачи без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, соопшти МВР.

На територијата на Сарај изречени се вкупно 102 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 22 санкции, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли.

Изречени се и 12 санкции за користење мобилен телефон, седум за некористење сигурносен појас, две за возач почетник.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Удрил во пешак во Битола и побегнал

Редакција

Кривична пријава за екс-градоначалникот на општина Чашка

Редакција

Несекојдневен случај во Тетово: Автоматска пушка пронајдена во контејнер

Редакција