еМагазин
Image default
Македонија

Сопартијците не ја прифатија оставката на Зијадин Села, останува претседател на Алијансата за Албанците

Претседателот на политичката партија Алијанса за Албанците, Зијадин Села понуди оставка на вчерашната седница на Централното собрание, но мнозинството не ја прифати, со што тој и натаму ќе ја води најбројната опозициска партија во албанскиот блок.

Од партијата официјално се отстранети и претседателите на ограноците од Тетово и Долнени.

Според Села, отстранувањето следува откако тие пред изборите најавиле соработка со партијата „Беса“, а со нивните постапки и делување грубо го прекршиле партискиот статут.

Централното собрание на партијата на седницата работеше по шест точки, но по барање на лидерот беше ставена уште една точка која се однесуваше на неговата оставка. Со мнозинство гласови, оставката беше одбиена, со што на Села му продолжува мандатот како претседател.

Села ги објасни одлуките за понудената оставка и отстранувањето на некои членови од нивните редови.

За понудената оставка рече дека тоа е морален чин по изборниот резултат, но одлуката е на највисокото раководството.

На прашање за актуелната политичка состојба во Северна Македонија и новото парламентарно мнозинство, Села одговори дека не е точно тоа што го кажува лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека добил поддршка од уште тројца пратеници од опозицијата.

„Нема можности, ни теоретски, тоа се пратеници од нашата партија, а не верувам дека тоа се некои од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Села.

Органите на партијата на седницата го разгледуваа извештајот од Централниот изборен штаб на партијата за предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули. Со една од точките на дневен ред се правеше и избор на нови членови во раководните тела.

Кон крајот на седница, Централното собрание ќе ја анализира актуелната политичка ситуација и ќе донесе генерални насоки за натамошното делување.

МИА/Фото:Фејсбук/АА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието немало инструменти за испитување дали има злоупотреба на патните трошоци на пратениците, вели Џафери

Редакција

Нови 108 случаи на Ковид-19 од 1.411 тестови

Редакција

Заменик-министерот за здравство Асим Муса што наводно земал поткуп, поднесе оставка

Редакција