еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Состојбата со Ковид-19 е стабилна, актуелните мерки продолжуваат, велат од Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ја разгледа актуелната епидемиолошка состојба во државата и констатира дека состојбата со Ковид-19 е стабилна, нема зголемување на бројот на позитивни случаи, хоспитализирани и починати, информираат од Министерство за здравство.

„Ставот на Комисијата е дека четирите мерки, кои се актуелни и се уште се на сила, како што се: носење маска во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица и лица со посебни потреби, одговараат на актуелната епидемиолошка состојба и тие ќе продолжат и во иднина.

Во однос на инфекцијата со РСВ-респираторен синцициски вирус, констатирано е дека состојбата е стабилна, нема зголемување на бројот на новозаболени и хоспитализации, а болничките капацитети ги задоволуваат потребите за укажување здравствена грижа за децата со симптоми,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) ТАВ го отвори реновираниот бизнис-салон на Меѓународниот аеродром Скопје

Редакција

Починаа 16 лица од Ковид-19, вкупната бројка достигна 3.063

Редакција

Апелација одлучи: Мијалков излегува од Шутка, оди во домашен притвор

Редакција