еМагазин
Image default
Локално

Нивото на Охридското Езеро два сантиметри под дозволениот минимум, на Преспанското за 46 сантиметри

Нивото на Охридското Езеро денеска е за два сантиметри под дозволениот минимум, а Преспанското Езеро за 46 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум, покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Кај реките забележано е зголемување на водостојот за осум саниметри кај реката Вардар на мерното место кај Јегуновце, додека кај поголем дел од останатите реки има намалување.

Најдрастично намалување има кај реката Струмица каде според денешните мерења нивото е за 10 саниметри пониско во однос на вчера.

За четири сантиметри е намален водостојот на Вардар кај Демир Капија и за два саниметри кај Скопје, за три саниметри е пониско нивото и на реката Пчиња кај Пелинце и за два саниметри кај Катлановска бања.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за тетовчанец поради даночно затајување

Редакција

Изгореа 7.500 лозници во Вевчани

Редакција

Приведен светиниколец поради сомнение за сторено кривични дело „мачење на животни“

Редакција