еМагазин
Image default
Бизнис

(Галерија) Царовска и Жбогар на закројување на лозје во „Попова Кула“ во Демир Капија

Амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, директорот на Светска Банка, Марко Мантонавели, вицепремиерката Мила Царовска денеска ги посетија винариите „Попова Кула“ во Демир Капија и „Лазар“ кои се дел од шеесетина проекти за развој на туризмот.

Жбогар истакна дека проект којшто го реализира ЕУ заедно со Светска Банка е да се изгради вински бренд којшто ќе може да го промовира туризмот во земјава.

„Водичот за Lonely Planet ја стави Македонија помеѓу топ 10 дестинации кои што би требало да бидат посетени во рамките на 2020 година, така што јас мислам дека тоа претставува навистина прекрасна можност да може да се развие туризмот во вашата земја”, рече Жбогар.

Мантованели изјави дека му е драго што се работи на проект за унапредување на туризмот.

„Како банка горди сме што ѝ помагаме на Северна Македонија да ја промовира културата и да привлекува посетители и со тоа да си носи економски раст токму преку оваа култура. Секако, ова не немаше да биде возможно ако немавте одлични производи за пласирање на пазарот и затоа, со Владата започнавме програма за модернизација на земјоделството со што земјоделците ќе може да го подобрат квалитетот на своето производство”, рече Мантованели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Спасовски кроеше лозје кај Светозар Јаневски

Вкупната инвестиција е 18 милиони евра средства кои се обезбедени од Европската делегација и Светска банка. Преку овие проекти директно се вложува во 10 дестинации низ државата.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европа ја зголеми добивката за 133,8% во првиот квартал

Редакција

Дизелот поевтинува, бензинот Еуросупер БС-98 поскапува

Редакција

Расте бројот на граѓани и фирми кои се на Листата на должници на УЈП

Редакција