Од утре на автобуските линии 2, 5, 11, 22, 57, 61, 62, 63 и 67, во утринските часови ќе сообраќаат зголемен број на возила, со цел да се избегнат гужвите кои беа регистрирани изутрината во фреквентните часови, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП-Скопје.
Оттаму информираат дека ја следат ситуацијата на терен, во комуникација и координација се со институциите кои одлучуваат за препораките/мерките како да се реагира во новонастаната ситуација и за евентуалните измени во превозот, јавноста навремено ќе биде информирана.
Од ЈСП потсетуваат дека првите утрински поаѓања на сите линии се оние од 6 часот.
„На пример, вообичаениот возен ред на линија 5 е од 5:05, 5:30, 5:55, 6:15 часот, што значи дека во актуелнава ситуација (полициски час), првиот автобус што сообраќа е тој во 6:15 часот“, наведуваат од ЈСП.
Дополнителни информации во врска со возниот ред, додаваат, можат да се добијат во Диспечерски центар на 3173-224.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Автобуси преполни се луѓе: Јавниот превоз закана за ширење на корона вирусот?
ЈСП од утре со редуциран возен ред поради состојбата со корона вирусот